Испечати

Мирисен колач со праски и ореви (посно)

Мирисен колач со праски  и ореви (посно)

Состојки

  • 200 гр праски
  • 200 гр моркови
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 200 мл масло
  • 300 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр сечкани ореви
  • 1 пециво
  • прстофат сол
  • 1 лажичка цимет (рамна)
  • 1/2 лажичка морско оревче
  • 1 лажица шеќер со вкус на ѓумбир и портокал
  • 1 праска за декорација врз колачот

Подготовка

Кога ќе се соединат зимски и летни мириси во кујната, доаѓа до експлозија на сетила....Мирисот на зачини во комбинација со праска....мхмхмхмх...Отиде колачов во еден здив!

Знам дека колачите со моркови имаат прекрасна текстура и вообичаено ги подготвувам во зима. Овој пат имав вишок на морков и си реков дај ќе направам посен колач со нив. Арно ама инспирирана и од натпреваров си реков што да не ставиме и праска. Ама навистина неодолива комбинација се...Особено со миксот на зачини и сечканите ореви...
И дополнително, поради сочноста на овошјето и зеленчукот освен масло не ставив никаква друга течност...

Подготовка
Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
1. Ги сечкаме морковите, праската и заедно со екстрактот од ванила ги блендираме.
2. Во сад ги соединуваме сите суви состојки, Зачини, пециво, брашно, сол, шеќер и сечканите ореви.
3. Кон сувите ги додаваме течните, маслото и овошјето.
4. Целата смеса ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче бр. 22 или 24.
5. Врз смесата редиме листови праска.
6. Печеме околу 40 минути ама тоа зависи од рерната.
7. Откако ќе се испече го ладиме, посипуваме шеќер во прав и сервираме.

Забелешка
Немав кора од портокал па си ставив во колачов од зачинот кој ви е прикажан на дополнителната фотка. Ако имате кора од портокал и мало парченце ѓумбир изрендајте ги, ако не употребете заменски состојки.
Кога е изладен поубави, помазни парчиња се сечат.