Испечати

Печени тиквички со куркума (посно)

Печени тиквички со куркума (посно)

Состојки

  • 1-2 тиквички по потреба
  • За валкање
  • 5-6 лажици брашно
  • 4-5 лажици масло
  • 1 лажица мешан сув зачин или сол по вкус
  • 1 лажичка куркума
  • 1/2 лажичка бибер
  • прстофат сушен магдонос
  • малку вода за регулација на густината на смесата

Подготовка

Изнајдов начин да не ги пржам тиквичките, а сепак да ми бидат посни и вкусни. Ви го предлагам овој едноставниот, а вкусен посен рецепт.

Подготовка
1. Тиквичката ја миеме и ја сечеме на кругови.
2. Смесата за валкање ја подготвуваме така што сите состојки ги соединуваме и смесата треба да ни биде густа како смеса за палачинки.
3. На плехот ставаме хартија за печење.
4. Секое парче тиквичка го макаме во подготвената смеса и го редиме во тавчето.
5. Ги печеме на околу 180 степени, а може и на послаба температура.

Забелешка
Смесата за валкање ја правев од око, така да ако не е доволна за сите тиквички, набрзина се подготвува повторно.
Ако случајно ви останат печени тиквички, можете да ги сомелете во блендер и да си подготвите намаз по вкус. Во него може да додадете кисела павлака и лукче, ако не постите или пак посен мајонез ако постите.