Испечати

Колач со сушено овошје и прелив од лимон (посно)

Колач со сушено овошје и прелив од лимон (посно)

Состојки

  • 150 мл кисела вода
  • 100 мл масло
  • 100 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • кора од 1 лимон
  • 100 гр сечкани ореви
  • 50 гр суво манго
  • 50 гр суво грозје
  • 1 чашка рум
  • За прелив
  • сок од 1/2 лимон
  • 50-60 гр шеќер во прав
  • сечкани ореви за декорација

Подготовка

Слаткотија со нишка доза на киселост од преливот од лимон која само ве провоцира да земете уште едно парче....

Подготовка
1. Најпрво сувите грозје и манго ги ставаме во рум за да омекнат и впијат од алкохолот.
2. Ги соединуваме влажните состојки заедно со шеќерите, па ги додаваме соединетите брашно и пециво.
3. Промешуваме со лажица, ја додаваме наренданата кора од лимон.
4. Ги додаваме оревите и сувото овошје пак соединуваме.
5. Смесата ја распоредуваме на калап или помала тава, која сме ја намрсиле и набрашниле.
6.Печеме на 180 степени во загреана рерна.
7. Откако ќе се излади колачот го прелеваме со соединетиот шеќер во прав со сок од лимон.

Забелешка
Густината на преливот ќе си ја одредите сами, дали сакате погуст или поредок, а зависи и од количината на сокот. Така да може ќе ви е потребно помалку сок или пак помалку/повеќе шеќер во прав.