Испечати

Банана колач со ореви и кокосов путер (посно)

Банана колач со ореви и кокосов путер (посно)

Состојки

  • 2 банани
  • 100 гр сечкани ореви
  • 100 гр мелени ореви
  • 150 гр мелени бисквити
  • 4 лажици мед
  • 100 гр кокосов путер
  • 50 гр какао
  • 1 лажичка цимет

Подготовка

Има ли нешто поубаво да си подготвиш сладок рецепт со лажица, да го ставиш да се стегне и потоа да го сервираш? Особено во жешки летни денови....

Подготовка
Во сад го ставаме одмерениот кокосов путер и мед. Додаваме сечкани и мелени ореви, банани сечкани на кругови, какао и цимет...Ииии соединуваме со лажица. Смесата ја расплескуваме на намрсено со кокосов путер тавче, може со обрач ако имате. Го оставаме колачот во фрижидер да се стегне и потоа сечеме парчиња по желба....

Забелешка
Ме мрзи некој пат да сечкам, па оревите ги ставам во кеса и ги удирам со толчникот со кој го расплескувам месото. Така да се толчени, а не сечкани.
Инаку тука ќе ви презентирам уште една финта за сечкани ореви. Земате два идентични големи ножа и ги спојувате на врвот каде што ќе ги држите со едната рака, а дршките во другата рака. И сечкате. Така не се распрснуваат туку си остануваат на даската за сечење и побрзо ќе ги насечкате.