Супа со гриз
Состојки
- 1 морков
- 1 мало кромидче
- 3 лажици масло
- 3 лажици гриз (Сончева долина)
- 1 ќесичка кокошкина супа
- 1 топка фиде
- 1 мала лажичка сув зачин
- 1,8 литри топла вода
- по потреба свеж магдонос
Подготовка
Едноставна супа, со одличен вкус.
- Во тенџере го рендаме морковот, ситно го сечкаме кромидот, го ставаме маслото, малку вода и сол, пржиме додека да испари течноста, и да се запржи зеленчукот.
- На тивок оган го додаваме гризот, запржуваме пазејќи да не загори, ставаме сув зачин и ја тураме топлата вода.
- Штом ќе зоврие водата ја ставаме супата од ќесичка и фидето.
- Вариме на тивко додека да се свари фидето.
- Пред служење ставаме свеж магдонос, зачинуваме по вкус.
Гризот ја прави супата да биде густа како да сме ставиле матено јајце.
Ако ставиме посна готова супа, добиваме посна варијанта.