Испечати

Леб лубеница со природни бои

Леб лубеница со природни бои

Состојки

  • За зелено тесто
  • 200 гр брашно
  • 200 гр коприва
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 100 мл млеко
  • За црвено тесто
  • 1 мало цвекло
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл млеко
  • 200 гр брашно
  • За бело тесто
  • 100 гр брашно
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 50 мл млеко

Подготовка

Прво правиме зелено тесто
Во блендер ставете коприва (коприва има појака боја од спанаќ) изблендирајте.
Во брашното ставете сув квасец, сол, шеќер, млеко изблендирана коприва замесете тесто. Оставете да стаса.
За црвено тесто
Цвеклото изблендирајте.
Во брашно ставете сув квасец, сол, шеќер, млеко изблендирано цвекло замесете тесто. Оставете да стаса.
За бело тесто
Во брашно ставете сув квасец, сол, шеќер, млеко заместе тесто. Оставете да стаса.
Од белото, тесто рассукајте пласт, во него завиткајте црвено тесто. Зелено тесто рассукајте во пласт ставете бело со црвено тесто и завиткајте со зелено тесто.
Лебот ставете во квадратна форма, оставете да стаса.
Печени на 200 степени околу 60 минути.
Печен леб покријте со крпа и оставете да истине.
Сечете го лебот на парчиња ќе ви испадне шарка лубеница.
Добар апетит!