Леб од ржано и јачменово брашно
Состојки
- 2 чаши ржано брашно
- 2 чаши јачменово брашно
- 2 1/2 чаши топла вода
- 3 лажици маслиново масло
- 6 лажици мелено семе од чиа
- 2 лажички химелајска сол
- после ферментација
- 1 Прашок за пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 3 лажици сок од цеден лимон
Подготовка
Чашата е со големина од 250 мл.
1. Во длабок сад ги ставаме јачменовото, ржаното брашно, солта и меленото семе од чија. Промешуваме. Ги додаваме маслото и постепено топлата вода, мешаме со дрвена лажица, убаво да се соедини водата со брашното.
2. Садот го покриваме со крпа и го оставаме да ферментира 8 часа.
3. После 8 часа го додаваме пецивото, сода бикарбоната и сокот од лимон. Со миксер матиме за да се измешаат состојките.
4. Тестото го ставаме во долг калап за печење обложен со хартија за печење. Јас го поделив во два затоа што смесата е голема за во еден лапак, со тоа што едниот ми беше попразен и во него лебот е понизок, додека другиот си беше нормална голема. Одозгора ставаме мешавина од семиња.
4. Печиме во загреана рерна на 220 степени 80- 100 минути зависно од рерната . Доколку е јака тогаш последните 20 тина минути печете го лебот прекриен со фолија.
5. После печењето ги завиткуваме во сува крпа да се изладат.