Испечати

Погача со биено сирење

Погача со биено сирење

Состојки

  • 400 мл. млеко
  • 1 свеж квасец (издробен)
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка сол
  • 15 лажици масло
  • 1 белка (за во тестото)
  • 1 жолчка за премачкување
  • 700 - 750 гр. брашно
  • 100 гр. биено сирење
  • 50 гр. путер
  • по потреба сусам и афион

Подготовка

1. Во сад се ставаат сите состојки освен брашното, со жица се матат да се изедначи смесата со течните состојки.
2. Брашното го просејуваме и го додаваме постепено во садот, замесуваме тесто додавајќи брашно додека впива тестото и дури да стане меко и нелепливо.
3. Оставаме да нарасне 30 минути, потоа го размесуваме на набрашнета подлога и го делиме на 2 дела.
4. Го размесуваме едниот дел, премачкуваме со путер, го виткаме како ролат па како полжав. Истото го правиме и со другиот дел и оставаме во фрижидер 20 минути.
5. Потоа го земаме 1-от дел од фрижидерот, го рассукуваме и сечеме мал дел од краевите што ќе ги употребиме како ролнички за во средина на погачата.
6. На кората рендаме биено сирење и ја сечеме на 8 дела, секој дел го виткаме како корнет и редиме во тенџере бр.30 обложено со хартија за печење. Истата постапка ја повторуваме и со вториот дел од тестото.
7. Погачата одозгора ја премачкуваме со жолчката, наросуваме сусам и афион, оставаме да нарасне убаво и печеме на 200 степени околу 30 минути.