Испечати

Блага крем погача

Блага крем погача

Состојки

  • 150мл. млеко
  • 150мл. јогурт
  • 100мл. масло
  • 2 жолчки
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка оцет
  • 1-1100кг. брашно
  • 1 жолчка за премачкување со 2 лажици брашно
  • 250гр. крем

Подготовка

Подготовка
Течните состојки загреани на умерена температура заедно со јајцата ги ставаме во сад за месење во нив го додаваме квасецот. Оставаме петнаесетина минути да се активира квасецот.
Полека замесуваме со брашно се додека не добиеме убаво мазно тесто кое ќе ни се одлепува од садот за матење. Тестото го оставаме да стаса околу половина час. Тестото го делиме на три различни големини од најмала до најголема. Најголемиот дел горасукуваме во голем правоаголник кој го премачкуваме со крем. Двата краја ги сечеме на еден сантиметар со кој ќе го плетеме ролатот во ролатот на средина ставаме роловано тесто(самата постапка ви е во сликите за подготовка со која ќе ви биде многу појасно) плетеме плетенка. Плетениот ролат го ставаме по краевите на тавчето кое ќе го печеме(бр.на тавче 24). Со средното тесто замесуваме ролат кои исто го премачкуваме со крем мотаме ролат и од ролатчињата кои ги сечеме ја исполнуваме средината на погачата. Од најмалото тесто расукуваме круг го сечеме на 8, секој тријаголник на стедина го расечуваме краевите на тријаголникот ги протнуваме во средината неколку пати за да ги добиеме средишните гранки. Оставаме погачата да стааса околу 15мин. Додека ни се загрева рерната на 200степени. Печеме половина час потоа ја намалуваме на 180 околу дваесетина минути. Пред да ја печеме погачата ја премачкуваме со млеко и жолчка.
Добар апетит!!!