Испечати

Пилешка салата со карабатак

Пилешка салата со карабатак

Состојки

  • 4 парчиња пилешки карабатак
  • 100 гр кашкавал
  • 4 кисели краставички
  • 4 варени јајца
  • 4-5 лажици мајонез
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Ова е одлична салата која се подготвува многу брзо ако имате веќе подготвено пилешко месо... Мене ми останаа карабатаци кои ги печев за ручек и од нив подготвив лесна пилешка салата со состојки кои ми се најдоа во фрижидер...

Подготовка
1. Карабатаците ги печеме во рерна, посолени и намрсени или по рецепт кој вие си го подготвувате.
2. Одвоеното месо од коска ситно го сечкаме.
3. Јајцата и кашкавалот ги рендаме, а краставичките ситно ги сечкаме.
4. Го додаваме мајонезот, зачинуваме по вкус и соединуваме.