Шарен леб со зеленчук
Состојки
- 400 гр брашно
- 100 гр спанаќ
- 2 патлиџан
- 1 морков
- 4 лажички сув квасец
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 4 лажици зејтин
Подготовка
Многу убав и вкусен шарен леб. Ви предлагам да пробате!
За зелено тесто
Во блендер ставете спанаќ, 1 лажица зејтин, пола лажиче сол, пола лажиче шеќер, 50 мл.вода и изблендирајте.
Во 100 гр брашно ставете 1 лажиче сув квасец, истурете ја смесата од спанаќ и замесете тесто.
За црвено тесто
Во блендер ставете патлиџан, пола лажиче сол, пола лажиче шеќер, 1 лажиче црвен пипер, 50 мл.вода. 1 лажица зејтин. Изблендирајте.
Во 100 гр брашно ставете ја смесата со патлиџан и замесете тесто.
За протокалово тесто
Во блендер ставете морков, 50 мл.вода, 1 лажица зејтин, пола лажиче сол, пола лажиче шекер, изблендирајте.
Во 100 гр брашно ставете смеса од морков, замесете тесто.
За бело тесто
Во 100 гр брашно ставете пола лажиче шеќер, пола лажиче сол, 1 лажица зејтин со вода замесете тесто.
Тестата оставете ги на топло место да стасаат.
Од тестата направете колбаси.
Во округла форма за печење вртете тесто произволно како ќе ви легне.
Оставете лебот да стаса на 30 минути во топло место.
Лебот премачкајте го со зејтин и наросете со сусам.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 50 минути.
Добар апетит!