Сладок двобоен леб
Состојки
- 400гр брашно (по потреба)
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 50гр путер
- 200мл вода
- 1 јајце за мачкање
Подготовка
Приготвување
Преубав и превкусен леб за секој дел од денот, со путер, мармалад, идеален.
Брашното, сувиот квасец, шеќерот, солта измешајте ги и додајте ја водата, путерот и замесете тесто.
Поделете го на два дела. Не велам еднакви бидејќи не баш секој го сака вкусот на какаото, па во мојот случај едното тесто е малу помало.
Имате две варијанти да дојдете до какао дел.
Првата варијанта е да ги поделите состојките и какаото да го додадете во брашното и посебно да замесете бело и кафеаво тесто.
Втора варијанта е од сите состојки, да замесите едно тесто, потоа да го поделите и какаото да го изматете го со неколку лажици вода и додајте го во едниот дел од тестото и размесете. Резултатот е ист.
Ваквите теста оставете ги да нараснат.
Развлечете го тестото со сукало прво белото тесто па другото, со дебелина по ваша желба, јас отприлика дебело 1см од двете.
Темното ставете го врз светлото, па заедно свиткајте ги.
Ваквиот ролат префрлете го во калап за печење и оставете пак да нарасне околу 30мин.
Пред печење намачкајте со јајце, печете во загреана рерна на 200 степени околу 40мин.
Од оваа доза јас направив две лепчиња помалечки.