Испечати

Бурек со тегнети кори

Бурек со тегнети кори

Состојки

  • 500гр Брашно
  • 1г.л. Сол
  • 4г.л. Зејтин
  • 250-300мл Вода ( млака )
  • по потреба Зејтин ( за попрскување )
  • по потреба Урда

Подготовка

Обожавам да правам тегнето ( банички, зелници, бурек и слично ), еве денес одлучив да ви се претставам со бурек со урда.

Подготовката е на следниот начин

1. Се замесува тесто од наведените состојки ( по меко ).
2. Веднаш го делиме на 4 исти делови.
3. Сите 4 дела ги расукуваме во големина колку чинија, и ги оставаме убаво намрсени од двете страни да одстојат околу пола час ( покриени со стреч фолија ).
4. По пола час почнуваме со тегнење на првата кора, ја прскаме со зејтин, и ја диплиме на 4 пати на следниот начин - од горе према доле до пола, од доле према горе - врз првиот дел, од лево према десно, па од десно према лево.
5. Здиплената кора ја тргаме настрана.
6. Ја тегнеме втората кора, ја прскаме со зејтин, во средината ја ставаме првата здиплена кора, врз неа ставаме урда, и пак диплиме на истиот начин...и оваа здиплена кора - од сега 2 кори ) се трга на страна.
7. Ја тегнеме третата кора, ја прскаме со зејтин, во средината ја ставаме здиплената кора ( што е направена со 2 кори ), ставаме урда врз здиплениот дел, пак диплиме на истиот начин, се трга настрана.
8. Ја тегнеме четвртата кора, ја прскаме со зејтин, во средината ја ставаме здиплената кора ( што е направена сега со 3 кори ), се дипли на истиот начин.
9. Се става бурекот во тавче, на кое имаме ставено хартија за печење.
10. Одозгора прскаме зејтин.
11. Печеме на 250 степени во загреана рерна.

На здравје
Забелешка - може за фил да се користи мел.месо, пица фил или по ваша желба.