Фондан - основен рецепт
Состојки
- 1 кесичка желатин
- 50 мл ладна вода
- 100 гр фруктоза
- 20 мл вода
- 1 лажица глицерин
- 900 гр шеќер во прав
Подготовка
Често го правам овој фондан и секогаш ми успева. Следете го рецептот и времетраењето на вриење и ќе биде одличен фонданот.Се чува во прозирна фолија или најлон кеса.
1. Се става желатинот со 50мл ладна вода да набабри.
2. Во тенџере се става фруктозата и 20мл вода на рингла да врие.Кога ќе зоврие(треба постојано да се меша) брои до 30 секунди и тргнете го тенџерето од рингла.Во жешкото се става набабрениот желатин и лажица глицерин.Убаво се меша и се додава во шеќерот во прав. Се меша во лажица па потоа со рака се меси.Прво ставете околу 600 гр шеќер па потоа додавајте постепено.Се остава 30мин да одмори -олади па потоа се прават фируги се обложува тортата.Овој фондан е доволен за една торта на два спрата од бр25 и бр18.
ПС-Глицеринот се купува во шишенце од аптека.Фруктозата ја има во секој голем супермаркет од 300гр и е доволен за трипати да го направите фонданот.