Кревок кекс со тиквичка и банана
Состојки
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 ванила
- 120гр брашно
- 1 лажиче пециво
- 1/4 лажиче сода бикарбона
- 100гр тиквичка
- 1 поголема банана
- 60мл масло
- 2 лажици слатка павлака
- 80гр црно чоколадо
- декорација
- 60гр црно чоколадо
- 1 лажица масло
- ливчиња маточина
Подготовка
Ароматичен, кревок кекс е мојот денешен предлог.
Пробајте го.
Во вангличка ги ставаме ванилата, шеќерот, јајцата и матиме додека смесата не побели.
Во нутрибулет го ситниме чоколадото, па го соединуваме со брашното, пецивото и содата.
Оставаме на страна .
Во нутрибулет ги соединуваме излупените банана, тикве и масло.
Оваа смеса ја додаваме кај јајцата и ги додаваме сувите состојки.
Убаво со шпатула соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 25 м на 190 с.
Испечениот кекс го ставаме на решетка да се излади.
Потоа го прелеваме со веќе подготвената чокоалдна глазура.
Сечеме на парчиња и сервираме.