Испечати

Сладок леб со мармалад од кајсии, цимет и ореви-Pull apart

Сладок леб со мармалад од кајсии, цимет и ореви-Pull apart

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 2лажици шеќер
  • 1/4лажиче сол
  • 40гр растопен путер
  • 100мл млеко
  • 80мл јогурт
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • фил
  • 4лажици мармалад од кајсии
  • 2лажици мелен орев
  • 1/2лажиче цимет
  • кафен шеќер за посипување одозгора
  • околу 400гр брашно, максимум

Подготовка

Моите омилени, миризливи лепчиња во милион варијанти.
денес беше слатка верзија од овој леб на парчиња, на дрпање, како што најчесто се нарекува.
пробајте го.

Во вангличка ги ставаме топлото млеко, лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец.
промешуваме и оставаме да се активира.
потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, остатаок на шеќер, сол, ванила, путер, јогурт.
Промешуваме.
Јајцето го изматив со вилушка, тргнав на страна многу малку за да го премачкам пред печење и насолам со кафен шеќер, а остатокот го ставив во тестото.
сега додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа без премесување сучиме правоаголна кора.
Во еден сад ги соединуваме оревит,, циметот, мармаладот.
Со овој фил ја премачклуваме цела кора.
Ја сечиме на коцки.
Ставаме по 3-4 коцки една врз друга и ги редиме исправени во долгнавест калап за леб.
Го покриваме и оставаме да втаса лебот уште 20 минути.
Премачкуваме со јајцето кое го оставивме на страна, наросуваме кафен шеќер.
печиме околу 30 минути во загреана релна на 190 с
испечениот сладок леб го оставаме на решетка да се излади, па сервираме со млеко, чај...
Уживаме во аромата и вкусот