Испечати

Чорбест Грав

Чорбест Грав

Состојки

  • 0.5кг грав
  • 2 парчиња кромид
  • 1 парче лук
  • 1 домат
  • 2 свежи пиперки
  • 1 пар магдонос
  • 2-4 парчиња морков
  • 1 пар коцка супа
  • 1 лаж мешан сув зачин
  • 1 пар црн бибер
  • 1 лаж црвена пипер
  • 5-6 пар суви црвени пиперки
  • 3-5 пар ловоров лист

Подготовка

Гравот се мие со проточна вода и се остава да откисне, 3-4ч или цела вечер.
Гравот повторно се плакне и се става на тивок оган да се вари.
По првото зовривање, водата се истура и се се заменува со чиста топла вода.
По желба тука се става и една коцка супа и неколку парчиња логоров лист.
Во зависност од гравот, треба 1ч или повеќе додека да стаса.
Сувите пиперки се варат во посебно тенџере, предходно добро измиени.
3/4 од морковот се ренда и 1/4 се сецка на тенки кругови и се става на тава да се пропржи.
Кромидот се сецка не многу ситно и се става заедно со морковот.
Се додава и лукот исецкан на кругови.
Доматот се лупи и ситно исецкан се додава да се пропржи.
Најдобро е тавата на почеток да биде без масло и со капак, масло се додава по потреба при крајот, некаде околу 0.05 литри (ракиено чаше).
Црвена бибер, една полна со куп голема лажица и се меша постојано за да не загори.
Се додава половина доматно пире (100-150 мл).
Се додава мешан сув зачин по вкус (една рамна голема лажица е сосема доволно).
Црн бибер, по можност свежо мелен.
Откако целата смеса ќе се пропржи и добие румена боја, половина се издвојува во блендер со топла вода.
Блендираната смеса се тура во тенеџерето со гравот.
Се додава и остатокот од пропржената смеса.
Се чистат од семки и лушпи варените суви пипери и тие се додаваат во тенеџерто со гравот.
Во текот на целиот процес гравот не се меша, најдобро е експрес лонец и во секој момент се пази на количината на вода, по потреба се додава топла вода.
Откако сето убаво ќе зовире и е готово, после исклучување и пред сервирање се додава свежиот магдонос.

Убав апетит.