Отворена полнета погача
Состојки
- за тесто
- 1/2 коцка свеж квасец (издробен)
- 100 мл. вода
- 100 мл. млеко
- 100 мл. масло
- 1 цело јајце + 1 белка (за во тестото)
- 1 жолчка за премачкување
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/4 лажичка сол
- 400-450 гр. брашно
- Останати состојки
- 100 гр. изварка (урда)
- 100 гр. чајна салама
- 150 гр. кашкавал
- 4-5 раце замрзнат спанаќ
- по потреба сусам
Подготовка
1. Сите состојки за тестото ги ставаме во сад и со жица матиме да се изедначат состојките.
2. Го додаваме постепено просеаното брашно, месиме и ставаме брашно колку ќе прими, до добивање на меко нелепливо тесто.
3. Тестото го оставаме да кисни 20 минути, а потоа го размесуваме првин со раце на набрашнета подлога.
4. Со оклагија размесуваме кора која ќе ја ставиме на намрсена тава бр.30, но тестото треба да е поголемо од тавата и да излегуват краевите како за зелник.
5. Изварката ја нанесуваме на кората, редиме кругови чајна салама, рендаме кашкавал, распоредуваме замрзнат свеж спанаќ кој го кршиме со рацете и завршуваме пак со рендан кашкавал.
6. Краевите ги затвораме како на последната слика, ги премачкуваме со жолчката, наросуваме сусам.
7. Ја пуштаме рерната на 200 степени, а за тоа време погачата кисни, потоа печиме 20 минути на таа температура, и уште 10 минути на 180 степени.