Испечати

Лепињи со млада тиквичка

Лепињи со  млада тиквичка

Состојки

  • 1 средна, млада тиквичка
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче пециво
  • 100мл млеко
  • 2 јајца
  • 1/4лажиче бибер
  • 100гр ржано брташно, не е задолжително
  • околу 350гр бело брашно
  • малку масло за пржење

Подготовка

Многу вкусно лепче е мојот денешен предлог.
Јас подготвив од половина количина на состојки и испеков 4 лепињи.
Ржаното брашно, до колку не го саката може да го замените со бело, спелтино, хељдино...брашно.

Може да се наполнат и како тортиљи, сендвичи, меки се. Со полнење по ваш избор

Во вангличка се ставаат сол, бибер, јајца, рендана тиквичка, пециво, брашно.
Прво промешуваме со вилушка па го додаваме млекото.
На набрашнета маса го истураме тестото и онака, без многу месење, убаво го соединуваме.
На посоп од брашно ги расукуваме лепињите.
Загреваме тава на умерен оган.
Ставаме по 2-3 капки масло и ги пржиме прво од едната, па од другата страна додека не заруменат.
Сервираме топли.
До колку ги замотате во чиста кујнска крпа, меки се и наредниот ден.
Брашното можеби ќе варира со минимални количини, но тоа зависи од водливоста и големината на тиквичката.