Испечати

Симит погачки

Симит погачки

Состојки

  • по 180 мл. млеко и масло
  • 20 гр. квасец
  • 1 чаша вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 5+1/2 чаши брашно
  • според ваша оцена сирење (околу 100 гр.)
  • за премачкување
  • 3 лажици џем од грозје или јаворов сируп
  • 1/2 чаша вода
  • според потребата сусам

Подготовка

1
- Растворете квасецот во дел од водата доколку го користите свеж, а ако ставите истант квасец тогаш тоа е 7 гр. измешајте со брашното.
- Во садот во кој ќе месите ставете брашното, додаете ги солта и шеќерот, стасаниот квасец и замесете со измешаните вода, млеко и масло - сето ова треба да е млако, замесете меко тесто. Покријте и оставете да го удвои обемот.
- Поделете го стасаното тесто на 12 дела или ако сакате поголеми симит погачки тогаш намалете го бројот - обично околу 8 дела. Оформете го секој дел на топчиња и почекајте да постаса малку (околу 5-6 минутки). Потоа земете едно топче и со раката одозгора стиснете, на добената форма ставете од сирењето и потоа подигнувајте ги краевите да добиете елипсовидна форма (тоа се горната и долната страна од тестото). Стиснете со прстите отворот, одложете во тавката постелена со хартија за печење свртени со работ нагоре. Повторете ја постапката додека имате од тестото.
2
- Растворете го гроздовиот џем или јаворовиот сируп со водата
- Секоја веќе оформена симит погачка земајте од тавката и брцнувајте во растворениот џем и тоа долната страна од симитот, веднаш ставете го во сусамот кој претходно е истурен во плиток тањир. Вратете во тавката со страната од сусамот нагоре. Засечете онака како што сакате вие, веднаш вклучете ја рерната на 200 степени и додека се загрее рерната тие повторно ќе нараснат. Печете ги околу 20-25 минути.

Напомена
- Ова е рецепт за симит погача, ако сакате можете да ги редите една до друга на сосема мала оддалеченот во подлабок сад, а доколку сакате секое симитче да е посебно, тогаш правете како што направив јас.
- Кората им е крцкава, а внатре меки.