Испечати

Млечен леб мек како памук

Млечен леб мек како памук

Состојки

  • 500гр брашно
  • 200 мл топло млеко
  • 1 коцка квасец
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 100 мл масло

Подготовка

Во нашето семејство секогаш се прави онај стандарден домашен леб, само со вода брашно и кавасец, и тоа ми е останато од детството кога заедно со мојата баба месевме дома.
Но понекогаш испробувам и некој нов рецепт, така е и овој пат.
Квасецот заедно со шеќерот, солта и малку вода го растопуваме и потоа додаваме две три лажици брашно и оставаме некое време да надојде.
Така добиениот квасец го додаваме во брашното, исто го додаваме маслото и постепено млеко и месеме се убаво додека не добиеме убаво не многу јако тесто.
Го покриваме тестото со кујна крпа и оставаме околу еден час да надојде убаво.
Откако тестото е стасано го размесуваме на набрашнета маса тестото и го ставаме во набрашнет калап.
Го оставаме така направениот леб уште половина час да нарасте, пред печење го боцкаме на неколку места со вилушка или со ноже.
Го печеме околу половина час во добро загреана рерна, додека не добие убава боја. Пред крај го исклучуваме шпоретот и по охридски што велиме го оставаме да позори уште малку внатре.
Откако е готов го вадиме, малку со вода попрскуваме на кората и го завиткуваме во сува кујнска крпа и оставаме да олади.
Совршена комбинација за мене е вака топло лепче со парче сиренце.