Авокадо сендвич со јајце
Состојки
- 1 авокадо
- 1 јајце
- 100 гр крем сирење
- 1чешне лукче
Подготовка
Вкусна едноставна подготовка на здрав и хранлив појадок.
Јајцето спржете го на око или на тостер,па испечете го.
Ако користите сендвич лепче,пресечете го на два дела.
Авокадото пресечете го на два дела и со помош на лажичка извадете ја внатрешноста во мал сад.
Ставете едно чешне лук и зачинете со црн бибер и сол.
Пасирајте убаво.
Вака пасираната смеса премачкајте ја на едниот дел од лепчето.
Крем сирењето премачкајте го на другиот дел на лепчето.
Спојте ги со прженото јајце.
Добивме здрав и вкусен убав авокадо тост сендвич.
Нека ви е слатко.