Филувана погача
Состојки
- 650-700 гр брашно
- 1коцка свеж квасец
- 2 јајца
- 1 лажица шеќер
- 2 мали лажичиња сол
- 200 гр павлака
- 50 мл масло
- 100 мл топло млеко
- За фил
- 200 гр сирење или урда
- 1 гранче рузмарин
- 2 црвени пиперки
- 100гр црни маслинки
- 125гр маргарин
Подготовка
Кој и да ја проба да ја подготви, дефинитивно нема да згреши.
Најмеката погача која и после еден ден повторно е мека како кога ја печевте.
Замесете убаво меко тесто од горе наведените состојки.
Покријте го со најлонска фолија и оставете да се дуплира.
Откако е нараснато тестото поделете го на 4 еднакви делови.
Од секој дел расукајте кора која ќе ја засечете на 7 места.
(како подолу на сликата)
Премачкајте ја цел кора со растопен маргарин и преклопувајте ги деловите еден врз еден за да добиете едно цело кориче.
Изработете ги така сите 4 топчиња.
Потоа едно по едно сукајте ги на дебелина колку што ви е калапот за печење.
Него прекријте го со хартија за печење, а потоа ставете ја врз него првата сукана кора.
Попрскајте ја со сирење или урда.Јас ставив и малку свеж рузмарин.
Потоа исукајте ја втората па нанесете ја во калапот.Филувајте со исецкани маслинки.
Ставете ја третата исукана кора и филувајте со ситно сецкани црвени пиперки.
Покријте со последната сукана кора.
Кога завршивме со сукањето, земаме една чаша па правиме вдлабнатини врз површината на погачата.
Со вилушка ги превртуваме круговите, а средината ја засекуваме.
Оставаме уште малку да се одмори тестото. Печеме во загреана рерна околу 35 минути.
Погачата е совршена.
Нека ви е на здравје.
Забелешка
Рузмаринот можете да го одбегнете иако мене ми се чини совршен.
Колку повеќе ја оставите да постои да стаса толку е поубава.
Површината на погачата премачкајте ја со белка или со цело јајце.
Така ќе и дадете свежина и сјај.