Испечати

Сусамов памук леб - турски рецепт

Сусамов памук леб - турски рецепт

Состојки

  • Тесто
  • 1/2 чаша млеко
  • 1/2 чаша вода
  • 1/4 чаша масло
  • 5 гр сув квасец
  • 2 чаши брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • Дополнително
  • 1 лажичка малтекс, јачменов слад
  • 3-4 лажици вода
  • 50 гр сусам

Подготовка

Ова е турски рецепт, а лепчето е меко како памук, наликува на кифла и особено вкусно и неодоливо поради сусамот со кој е прекриено.

Подготовка
1. Сувите состојки ги ставаме во садот во кој ќе го месиме тестото.
2. Ги топлиме течните состојки и го месиме на меко тестото, може и со миксер.
3. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
4. Потоа го ра месуваме и формираме две мали векни.
5. Во сад соединуваме малтекс и вода, а во друг сад ставаме сусам.
6. Векните ги потопуваме од сите страни во растворениот малтекс, па ги валкаме во сусам.
7. Им правиме засеци и ги оставаме да стасаат додека ни се грее рерната на 200 степени.
8. Ги печеме, па ги покриваме со крпа да се ладат.