Испечати

Едноставен интегрален леб

Едноставен интегрален леб

Состојки

  • 500 мл. млака вода
  • 1 лажица мед
  • 20 гр. квасец
  • 200 гр. мешавина за р,жан леб
  • 200 гр. грахам интегрално брашно
  • 100-150 гр. бело наменско брашно
  • 1,5 лажичка сол
  • 2 лажици сончогледови семки
  • за посипување
  • 50 гр. сончогледови семки или микс на семки

Подготовка

- Најпрво во сува тавка ставете ги сончогледовите семки и на тивок оган пропечете ги внимавајки да не изгора, оставете да се оладат.
- Млаката вода ставете ја во садот во кој ќе месите, додадете го медот и измешајте да се стопи, потоа го додавате квасецот и се добрпо повторно промешајте додека се стопи квасецот, поклопете го садот и оставете да се активира, тоа е околу 10-тина минутки.
- Додека се активира квасецот премерете ги трите вида на брашно, измешајте, додадете ги веќе оладените семки, солта, додавајте ги во садот во кој е веќе активиран квасецот, со шпатула добро измешајте бркајки одоздола нагоре. Белото брашно не го ставајте одеднаш, тестото треба да е малку поретко, па сами оценете дали ќе ги додадете оние 50 гр. брашно. Тестото значи треба да е помеко - ретко, но да е и лепливо. Добро измешајте за да се соедини целото брашно со водата.
- Подгответе го калапот во кој ќе печете подмачкувајки го со масло или маргарин, постелете со хартија за печење, истурете го тестото во него, а ќе го израмните одозгора со лажица или шпатула која ќе ја навлажнувате со вода. Потоа посипете ги од вас избраните семки. Калапот е со големина од 30х11х7. Калапот со тестото ставете го во чиста најлонска кеса без да дозволите да е на самата површина од калапот за да не го допира тестото и да не се залепи по површината. Оставете да стаса околу 30 мин.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени и печете го 10 мин, а потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете дополнително уште 30 мин. Испечен извадете го од рерната, малку нека постои потоа извадете од калапот, ставете на мрежа да се лади притоа одозгора покривајки го со крпа, нека стои до негово потполно оладување.
На здравје!