Испечати

Брауни чизкејк куглоф

Брауни чизкејк куглоф

Состојки

  • Брауни слој
  • 100 гр чоколадо
  • 200 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 200 гр брашно
  • 40 гр какао и 1/2 кесичка прашок за печиво
  • Чизкејк слој
  • 100 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 350 гр крем сирење
  • 50 гр густин

Подготовка

Фантастичен, кремаст, чоколаден, вкусен....едноставно совршен куглоф.
1. За брауни слојот прво се топи чоколадото и се остава да се олади. Се мати путерот со шеќерот(кремасто), па едно по едно се додаваат четирите јајца и се убаво се мати. Се додава стопеното чоколадо. На крај се мешаат брашното, прашокот за печиво и какаото и се додаваат во смесата. Се убаво се меша.
2. За чизкејк делот
Се матат јајцата и шеќерот, се додава крем сирењето и заедно убаво се мати и на крај се додава густинот и се мати кратко,колку да се соедини смесата.
Калапот за куглоф треба да ви биде длабок, а дијаметар околу 20 цм.  Калапот убаво се мачка со путер и лесно се набрашнува.
Две третини од брауни смесата ставаме во калапот, па ја ставаме чизкејк смесата и на крај третината од брауни смесата.
Печеме на 180 степени околу 40-45 минути.
Печениот куглоф го оставаме да олади во калапот и го превртуваме. Јас го декорирав со чоколаден прелив и рендано чоколадо.
На здравје!