Леб од домашен (кисел) квасец
Состојки
- 50 Грама домашен (кисел) квасец
- 340 мл вода
- 100 Грама интегрално брашно
- 400 Грама бело, пченично брашно
- 10 Грама сол
Подготовка
Рецептот е на Бојана.
1.Во длабок сад се ставаат сите состојки и се формира тесто. Се остава да отстои 1 час. По еден час, се наводнуваат рацете и се преклопува тестото како писмо. Се покрива со крпа. Ова се повторува вкупно 3 пати.
2. Се остава да седи во фрижидер до следниот ден.
3. Следниот ден се префрла тестото на набрашнета работна површина. Се формира лепче и се префрла во здела врз која има кујнска крпа, малку набрашнета. Се покрива и се остава да стои 1 час.
4. По еден час, се префрла во тенџере (адекватно за печење во рерна).
5. Се пече 25 до 30 минути. Последните 15 минути, без капак.