Домашен леб (со два типа на брашно)
Состојки
- 300 грама брашно Тип 700 или интегрално
- 200 грама брашно Тип 500
- 10 грама сув квасец или една коцка свеж квасец
- 400 мл млака вода
- 1 лажиче шеќер
- 1/5 лажиче сол
Подготовка
Во еден подлабок сад ставете го брашното, шеќерот и квасецот!
( ако користите свеж измешајте го со малку водичка од дозата и ставете го во брашното и шеќерот)
Постепено сипувајте вода во садот кај што е брашното,квасецот и шеќерот и мешајте со дрвена лажица, во правец на стрелките на часовникот. Од кога ќе се обедини убаво целата смеса и добиете меко тесто, одозгора наросете го тестото со брашно и покријте го садот убаво со најлонска фолија!
Оставете го тестото убаво да стасува до 3 часа!
По три часа на убаво набрашнета поврчина ставете го тестото, набрашнете и одозгора, месите го убаво додека не почне да пуцка и да го осеќате мирисот на квасецот! Коргистете брашно, не се плашете, тестото треба да е меко но не лепливо, од кога ќе го измесите доволно истегнете го тестото и направете како плик, потоа натапкајте и оформете го по желба! Од оваа доза се добиваат три векни на лебче на многу големи, може да формирате како сакате по желба! Јас на сликата одбрав округло, дека најлесно ми се обработува т.е личи на сомунче!
Од кога ќе ги формирате, на тепсијата ставете пек хартија и убаво набрашнете, ставете лебчињата и повторно набрашнете!
Вкусот на лебот е ист како на оној од фурна ммммх, се што треба да направите е да ја уклучите рерната на најако на пример 250степени и треба да загрее многу, од кога ќе биде убаво загреана рерната го ставате плехот со лебчето на најнискиот дел на фурната (не се плашете) печете 12 минути, по 12 минути го поместувате плехот на средишниот дел од рерната и печете уште 5 минути со тоа добивате лебче со убава крцкава коричка а внатре мек како душичка! Но ако сакате кората да е цврста и јака, извадете го лебот од плехот ставете на решетката од рерната и печете уште 5минути!
И имате прекрасен леб, јас овој за ништо не го менувам и секогаш му се враќам.
Пробајте нема да зажалите и како велат италијани буон апетито хихи