Кремаста пилешка салата
Состојки
- 1 кокошка (мала )
- 1/3 паковка макарони ситни
- 2 лажици мајонез
- 250 гр павлака
- 5-6 парчиња кисели краставички
- 2 лажички сол
- 1/2 лажиче оригано,босилек, црн бибер
Подготовка
Рецепт за кремаста пилешка салата.
Сварете ја кокошката и исцепкајте ја на конци,на делчиња мали.
Тестенините ставете ги да се сварат во посолена вода, па процедете.
Краставиците изрендајте ги или исецкајте ги како сакате така.
Печурките јас ги исецкав на мали коцки.
во длабок сад каде стои исцепканата кокошка додајте ги печурките,тестенините, краставиците па зачинете.
Полека промешајте.Додајте ја павлаката и мајонезот.Ако ви е густо додајте малку од водичката од теглата со краставици.
Ако ви дојде многу сува салатата,додајте си повеќе мајонез или пред сервирање додајте повеќе водичка од краставиците, зашто макароните знаат даја упијат течноста.