Пекарски пинерлии
Состојки
- 850 гр брашно
- 500 мл млеко
- 1 свеж квасец
- 1 лажица сол
- 1 лажичка шеќер
- 100 мл масло
- За премачкување
- 2 јајца
- 125 гр путер
- фил урда или рендано сирење(400 гр)
- Премачкување згора
- 1 јајце ,сусам
Подготовка
Пекарски пинерлии се одлично печиво,многу се вкусни и брзо се приготвуваат.
Прво се раствора квасецот во малку млака вода,една лажица брашно и малку шеќер.Кога ќе се активира се додаваат сите наведени состојки за тесто и се меси мазно тесто.
Тестото се дели на 4 топки кои се оставаат да надојдат(да се дуплира обемот)
За смесата за премачкување ги матиме двете јајца со 125 гр путер (со миксер)
Секоја топка тесто се расукува како правоаголник и прво се премачкува со смесата од јајца и путер па се става урда или сирење.Сега корите ги виткаме од двете страни наизменично и вака свитканите ролати ги ставаме во плех обложен со хартија.Ги сечеме на шарчиња со сакана големина и оставаме да нараснат.
Пред да ги печеме пинерлиите ги мачкаме со изматено јајце и наросуваме со сусам.Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
На здравје!