Испечати

Пилешки ролнички

Пилешки ролнички

Состојки

  • 4 парчиња пилешки стек
  • 100 грама кашкавал
  • 100 гр свежи печурки
  • 100 гр пилешка шунка
  • 1 лажица зачини

Подготовка

Доколку немате многу време за подготовка на ручек ова е совршен рецепт за вас .
Потребни ви се 4 убави тенки парчиња стек. Исто така саламата и кашкавалот исечете ги на текни парчиња. Печурките исецкајте ги исто така/
Претходно посолениот стек малку го чукаме со кујнски чекан и започнуваме со редење. На стекот ставаме ред кашкавал, ред салама и потоа еден ред печурки. Така нареденото парче стек го виткаме во ролничка и го затвораме со наводенети чапкалки за да не се растури.
Ова го повторуваме со сите парчиња стек.
Ги пржиме во тава во загреано масло додека не порументат убаво.
Штом се готови ги вадиме чапкалките и ги сечеме на убави парчиња.
Во прилог на ролничките може да направите ориз со зеленчук и пржени цели свежи печурки.