Сок од вишни со лимон и жалфија
Состојки
- 100мл сок за растворање од вишни, не варен
- 7-10 листови свежа жалфија
- 1 лимон исечен на парчиња
- околу 700мл флаширана вода
- коцки мраз по желба
Подготовка
Периодов е во тек бербата на вишни.
Па како и секоја година, така и оваа подготвив од моите омилени кандирани вишни( рецепт кој за жал е изгубен, но се надевам наскоро ќе се врати на странава)
И секако го собрав во шишиња неварениот сок од вишни за растворање
Па еве предлог за нешто освежително за добро утро.
Во бокал ставаме сок од вишни за растворање, ливчиња свежа жалфија, парчиња лимон
Додаваме коцки мраз и флаширана вода
Нека одстои така сокот во фрижидер 15 до 20 минутиа, а потоа налеваме во чаши и консумираме
ЗАБЕЛЕШКА -АКО НЕКОЈ САКА ДА ПОДГОТВИ КАНДИРАНИ ВИШНИ РЕЦЕПТОТ ОДИ ВАКА
1 КГР ДОМАШНИ, НЕПРСКАНИ ВИШНИ
1 КГР ШЌЕР
1 ПАКЕТЧЕ ЛИМОНТУС
ОБЕСКОСТЕНИТЕ ВИШНИ СЕ ПОСОЛУВААТ СО ШЕЌЕР И ЛИМОНТУС, СТОЈАТ 3 ДЕНА, СО ПОВРЕМЕНО МЕШЕАЊЕ, ПА СЕ ПРОЦЕДУВААТ И СЕ СКЛАДИРААТ ВО ЗАМРЗНУВАЧ