Паштета од туна и солени инчуни
Состојки
- 2 мали конзерви од по 80 гр туна во масло со цели парчиња
- 1 варено јајце
- 1/4 лажиче лут црвен пипер
- 1/4 лажиче сенф
- 4 солени инчуни
- 2-3 зелени маслинки, може и црни
- Магдонос..или власец, босилек...
- 25мл маслиново масло
- 60гр растопен путер
- 1/4 лажиче свежо мелен бибер
Подготовка
Деликатес...толку ќе кажам
Прво го вариме јајцето и оставаме да се излади.
Туните ги отвораме и го фрламе маслото во кое биле.
Во садот на нутрибулет со кратки пулсирања, односно со додавање на маслиново масло ја постигнуваме саканата густина.
Значи соединуваме се, цели парчиња туна, инчуни, варено јајце, бибер, лут црвен пипер, обескостени маслинки, магдонос, растопен путер, сенф,
Напоменувам дека додавање на сол не е потребно, бидејќи инчуните се многу солени, како и туната.
Ја сервираме по желба, декорираме со маслинки, сецкан власец, мали коцки домат, лимон, инчун.... и послужуваме.
Пожелно е да одстои паштетата 30 минути во фрижидер пред консумирање.