Турски леб
Состојки
- Состојки
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млака вода
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка сол
- 5 чаши пченично брашно
- 10 гр сув квасец(1 пакетче)
- За премачкување на лебот
- 1 жолчка
- 1 лажичка маслинов зејтин
- 1 лажичка млеко
- За поросување ким и лен
Подготовка
Вкусен,мек како памук,преубаво изгледа,едноставно пробајте го.
Во сад ги ставаме јогуртот,млаката вода,шеќерот,солта и сувиот квасец.Додаваме половина од брашното и матиме со миксер.Потоа полека ја додаваме и останатата количина брашно и замесуваме средно меко тесто.Брашното е таман и не треба да се додава повеќе од напишаното.Се остава тестото да одмори 20 минути.
Потоа го расукуваме во долгнавеста кора со дебелина од 1,5 сантиметри и ја ставаме на побрашнет плех, во кој подоцна ќе го печеме лебот.Покриваме со најлонска фолија и оставаме да одмори уште 20 минути.
Ја тргаме фолијата и со помош на прстите правиме венец на лебот и напречни линии(како на сликата).Разматуваме 1 жолчка со маслинов зејтин и млеко и со тоа го премачкуваме лебот насекаде.Поросуваме со ким и лен.
Лебот се пече во загреана рерна на 200 степени 20 минути.Го вадиме од рерна и со неколку лажици вода го попрскуваме.Го покриваме со кујнска крпа да одмори 10 минути и потоа може да се пробува,пробува и да се изеде.
Чашите со кои мерев се од 180 милилтри.