Видео рецепт: Песто Џеновезе со мисиркино месо
Навистина го сакаме ова јадење. Ќе Ви бидат потребни околу 20 минути за негова подготовка и јадењето е превкусно. Ние одлучивме овојпат да го направиме со мисиркино месо, но ако претпочитате пилешко месо, изборот е Ваш. Постапката на подготовка е иста.
Состојки
- 150 грама Фетучини Паста
- 220 грама Мисиркини гради
- 3 супени лажици соја сос
- 3 супени лажици Песто Џеновезе
- 50 грама чери домати
- Пармезан по вкус
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Започнете со загревање на водата, во неа ставете малку маслиново масло и сол. Додека водата се загрева, исечкајте го мисиркиното месо на мали коцки кои подоцна ќе можете побрзо да ги испржите.
Чекор 2: Кога водата ќе почне да врие, време е во неа да се стави пастата. Не знам точно колку време треба да се вари пастата за да биде совршена, но јас ја варев околу 10 минути. Тоа најмногу зависи од видот на пастата која ја готвите.
Чекор 3: Ќе ви треба тава за сос во која треба да ставите малку маслиново масло. Можете да го ставите мисиркиното месо и да го зачините со сол и црн бибер. Мешајте го само неколку минути, потоа ставете го соја сосот и продолжете да мешате додека месото да се карамелизира и добие златно кафена боја.
Чекор 4: За тоа време пастата треба да биде речиси готова, па само ставете го мисиркиното месо во тавата и промешајте го заедно со пастата. Полека додавајте го пестото џеновезе и добро измешајте го во тавата за да добиете прекрасна смеса со богат вкус.
Чекор 5: Ставете ја готовата паста во чинија и исечкајте неколку чери домати кои на јадењето ќе му дадат свежина. На крај ставете неколку парчиња пармезан.
СОВЕТ: И верувале или не, готово е. Рецептот го завршивте за само 25 минути и можете да уживате во него со пријателите и семејството. Пробајте го и нема да се покаете.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Сад за сос