Печена кокошка на сол
Состојки
- Состојки
- 1 кокошка околу 1200 грама
- 300 гр сол
Подготовка
Едноставен начин да се испече кокошка,а притоа да е со крцкава кора и сочна внатрешност.
Кокошката треба да е свежа,не смрзната,се мие ,се остава да се исцеди водата и се брише од водата.Значи потребно е да е сосема сува.Во плехот во кој ќе ја печеме ја ставаме солта и кокошката врз неа.Се става плехот во загреана рерна на 200 степени и јас ја ставив подолу од средината на рерната.Се пече околу 1 час и 10 минути без да се отвара рерната.
Лесно и вкусно.