Највкусни мини американски палачинки
Состојки
- 2 јајца
- 80 г растопен путер или маргарин
- 2 и пол чаши млеко
- прстофат сол
- 2 пакетчиња ванилин шеќер ако ги правите благи, ако не, прстофат шеќер
- 3 чаши брашно
- 1,5 пакетче прашок за пециво
Подготовка
Овој е рецепт за највкусните мини американски палачинки. Идејата ја добив од уличните продавачи во Битола кои продаваат мини палачинки со секакви преливи одозгора, па ми беше предизвик да пробам дома да ги направам. Син ми ми рече дека моите се 100 пати поубави од тие надвор, а децата не лажат хехехее.
Од оваа доза излегуваат сигурно околу 100 мини палачинки, но вие слободно можи да ја преполовите количината. Големина на чаша 200 мл.
Подготовка
Изматете ги јајцата со жица, додадете го растопениот путер, па млекото, додадете шеќер, сол и постепено додавајте го брашното со претходно додадениот прашок за печиво. Измешајте убаво да нема грутки. Смесата нема потреба да отстои.
Загрејте го тавчето за палачинки, и пред секое ставање од смесата, убаво премачкајте го со масло.
Истурете по малку тесто, во моето тавче береше 4 мини палачинки за една тура. Печете на средна температура, а кога ќе се направат меурчиња од горе, превртете ги.
Вака подготвените палачинки послужете ги со омилениот крем или сируп. Убавото е што дури и следниот ден се убави и не се сушат.
Ако користите 2 тавчиња паралелно, времето на припрема ќе го преполовите.