Пилешка супа со ориз и компири
Состојки
- 1 пиле
- 1 морков
- 1 кромид
- 100 0 гр ориз
- 2 компири
- 1 пиперка
Подготовка
Пилето ставете го да се вари. Кога ќе се свари исчистете ги коските од месото.
Месото ставете го во тенџере да се вари, додајте пиперка сечена на коцки, морков сечен на полутркалца и ориз. Кога оризот ќе биде при крај ставете компир во супата.
Во тавче здробете ситно кромид и запржете го до златна боја, истурете го во супата. На крајот супата подсолете додајте бибер по вкус, лукче и исечен магдонос.
Добар апетит!