Универзално тесто за профитероли, еклери и принцес крофни
Состојки
- За варено тесто
- 1 чаша вода
- 1/2 чаша путер
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 1 и 1/4 чаша брашно
- 4 јајца
- За премачкување
- 1 јајце
- 2-3 лажици вода
Подготовка
Од ова варено тесто излегуваат најшупликавите печени форми за полнење. Можете да го користите за благи и солени еклери, принцес крофни или пак профитероли. Изборот на големината и формата ја оставам на вас.
Подготовка
1. Путерот, водата, шеќерот и солта ги ставаме да почнат да вријат.
2. Го додаваме брашното и неколку минути мешаме за да ни се соедини тестото. Го тргаме на страна да се подолади.
3. Потоа додаваме едно по едно јајце. Ставаме едно јајце и мешаме со дрвена лажица, кога ќе се соедини смесата, го додаваме наредното јајце. Така со сите јајца.
4. Тестото го ставаме во шприц со отвор кој ни е потребен за формите што ќе ги праваме.
5. Ја загреваме рерната на 190 степени.
6. На хартија за печење или Делимано тава, малку намрсена,со шприц формираме топчиња. Ги премачкуваме со разматеното јајце со малку вода.Ги печеме во загреана рерна.
7. Рерната НЕ ја отвораме се додека да ни се испечат формите. Треба да добијат златно-кафеава боја.
Забелешка
Чашата е од 250 мл или 1 кап.
Ако тестото го подготвувате за солен фил исклучете го шеќерот од тестото.