Слаткарски пудинг ролат
Состојки
- 7 јајца
- 7лаж. шеќер
- 7лаж. брашно
- 1/2 прашак за пециво
- фил
- 1литар млеко
- 3 пудинга од ванила
- 9лаж. шеќер
- 150гр. путер
- 200гр. чоколада за готвење
- 2 банани
- 500мл. слатка павлака
- 3лаж. масло
Подготовка
Во моето старо мало имаше слаткарница кое веќе може и не постои на нивното скромно мени се наоѓаше и сличен ролат како овој мојот. Значи повторно ме дрма мојата ретро носталгија...хахаха...
Подготовка
Одделете ги белките од жолчките и почнете да матите. Откако белките убаво ќе ни се изматат додадете го шеќерот и повторно матете. Во густата пена без миксер додадете го брашното и пецивото и машајте со шпатула се додека не се соединат.
Тестото сипете го во тавче со големина на рерна на хартија печеме дваесетина минути на 180степени.
Во меѓувреме додека ни се пече тестото го спремаме филот.Дел од млекото го одделуваме во него го ставеме пудингот и шеќерот мешаме останатото млеко го загреваме и во загреаното млеко го додаваме пудингот мешаме се додека не добиеме густ крем. Кремот го тргаме на страна и во него додаваме путер мешаме е додека е ни се соедини целата смеса. Кремот го покриваме со фолија и оставаме да се излади.
Половина од чоколадата ја растопуваме со три лажици масло на тивок огин. Со чоколада го премачкуваме ролатот, врз чоколадата која ќе ја оставиме петнаесетина минути да се стегне го мачкаме филот од пудинг.
На средина или на почеток зависи како ќе го мотате ролатот ги ставате бананите.
Јас не мотав класичен ролат туки направив еден потковица.
Одкако ќе го премачкате со пудинг нанесете ја слатката павлака на која сте и земале 50мл. Тие 50мл.кои се нематени ги загреватена тивко со 100гр.чоколада се додека не ни се соединат. Со ганажот може да го премачкате ролатот јас се одлучив да го ставам на средината и да дојде како спојка на целиот ролат.
Декорирајте по желба...на здравје!!!