Кремисимо коцки (без печење)
Состојки
- 1 литар млеко
- 3 пудинзи ванила
- 15 лажици шеќер
- 150 гр маргарин
- 5 лажици нутела
- 100 гр чоколадо
- 10 крем бананчиња
- 500 гр бисквити
- 100 мл млеко за натопување на бисквитите
Подготовка
Најпрво го вариме пудингот на вообичаениот начин. Го оставаме малку да се излади, па го додадаваме маргаринот и биеме со миксер да се соедини.
Го делиме на три дела, во едниот додаваме нутела, во другиот растопено чоколадо, а во третиот сецкани крем бананчиња.
Бисквитите ги делиме на три дела, исто по број. Првиот дел бисквити ги потопуваме во млеко, и ги редиме во плех. Врз нив ставаме пудинг со нутела, потоа редиме уште еден ред бисквити, па пудинг со крем бананчиња, и врз последниот ред бисквити, пудинг со чоколадо.
Највкусно е наредниот ден!