Тробоен колач
Состојки
- за пандишпаните
- 4 јајца
- 12 супени лажици шекер
- 12 супени лажици брашно
- 100мл млеко
- 100мл масло
- 1 пециво
- 1 супена лажица какао
- за фил
- 500мл млеко
- 2 супени лажици брашно
- 100гр кокос
- 1 супена лажица пудинг од ванила
- 10 супени лажици шекер
Подготовка
Во длабок сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме убаво како за торта.
Откога е изматено убаво додаваме маслото,млекото,брашното и прашокот за пециво.
Смесата ја делиме на два дела во едниот дел додаваме какао а другиот дел останува ист.
Во тавче 21*36цм ставаме хартија и ја ставаме прво смесата без какао печеме на 170 степени 10 минути.
Во мегувреме додека се пече ние го спремаме филот со кокос,400 мл млеко заедно со шеќерот ставаме да зоврие а во преостанатото млеко го додаваме пудингот и брашното и убаво мешаме.
Во зовриеното млеко го ставаме пудингот и брашното и вариме 2-3 минути.
Врз испечениот пандишпан го ставаме филот убаво израмнуваме со лажица и врз него го ставаме и кафениот фил .
Продолжуваме со печење уште 30 минути на 160 степени.
Откога е печено оставаме да се излади целосно, а потоа сечеме парчиња по желба.
На здравје !!!