Брзи меки путер погачи
Состојки
- 450 гр. брашно
- по 150 мл. вода и млеко
- 2 лажички истант квасец
- 2,5 лажици шеќер
- 1,5 лажичка сол
- 2,5 лажици путер омекнат на собна температура
- 1 јајце
- За прмачкување
- 1 јајце
- по избор семе за посипување
Подготовка
- Во сад измешајти ги загреаните вода и млеко. Во нив додадете го шеќерот и квасецот и оставете да се направи пена.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, солта, путерот и измешајте додека путерот да се распореди во брашното. Додадете го запенетиот квасец и лесно разматено јајцето. Месете за да добиете меко и лепливо тесто. Се меси околу 7-8 мин. Откако сте го измесиле покријте и оставете да стасува зависно од топлината во просторијата - 45-60 мин.
- Стасаното тесто префрлете го на побрашнета површина и поделете го на парчиња во големина која вие ќе си ја изберете. Кај мене по 100 гр. тесто.
Секое парче обликувајте го во топче (ако сакате да биде во форма на погачка тогаш налегнете со раката одозгора) - редете ги во тава покриена со хартија за печење, покријте и повторно да стасува околу 30-40 мин.
- Нараснатите погачки премачкајте ги со јајце, посипете со семе кое сакате вие, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени.
Се печат во време кое зависи од вашата рерна - кај мене околу 20-25 мин.