Паша локум од пудинг и боровинки
Состојки
- 1 пакетче прашок за пудинг од боровинки или шумско овошје
- 0,5 литри млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 лажиче маргарин
- 100 гр кокос
- 1 чаша боровинки
- 150 мл слатка павлака
Подготовка
Пудингот се вари стандардно. Кога е сварен се додава маргаринот и се меша интензивно го мазна структура.
Кокосот се истура во тавче 20х30 или малку поголемо и убаво се распоредува да го покрие дното.
Пудингот се истура врз кокосот се израмнува и се отава во фрижидер убаво да се стегни.
Јас додадов боровинки во пудингот и згрешив. За подобро виткање боровините ставете ги во филот.
Стегнатиот пудинг се премачкува со цврсто изматената слатка павлака и врз неа се ставаат измиените и суви боровинки.
Се сечат ленти кои внимателно се виткаат во ролни.