Крем супа од зеленчук
Состојки
- Состојки
- 1 главица кромид
- 1 тиквица -200 грама
- 2 парчиња пашканат-10 грама
- 2 парчиња морков-150 грама
- 2 компири-150 грама
- 150 гр брокула
- 2 чешниња лук
- 1 пиперка
- Потребно е уште сол,црн пипер,зачин од сушен зеленчук,магдонос,зејтин
- Прелив за супата
- 4 лажици кисело млеко
- 2 лажици маслинов зејтин
Подготовка
Едноставна,брза и без запршки крем супа.
Зеленчукот го миеме и сечеме на крупни парчиња.Го запржуваме зеленчукот на 4 лажици зејтин,освен брокулата.Додаваме сол,црн пипер и зачин од сушен зеленчук.Го полеваме со 2 литри врела вода.Оставаме да врие 20 минути.Потоа ја додаваме и брокулата и врие уште 5 минути.Ја прецедуваме супата од зеленчукот.Зеленчукот го блендираме со рачен блендер.Течноста ја ставаме на оган и додека таа врие додаваме од изблендираниот зеленчук.На крај поросуваме со магдонос.
На страна мешаме кисело млеко со маслинов зејтин и пред служење по желба се додава во крем супата.