Фокација (декорирана со свеж зеленчук)
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче сол
- 1/2лажиче шеќер
- 70мл топло млеко
- 70мл кисела вода
- 70мл маслиново масло
- 1 јајце
- 270-290гр брашно
- дополнително
- 2-3лажици маслиново масло
- морков, маслинки, домат, перца од власец, кромид, магдонос, тиквичка, шампињони,......
Подготовка
Изработка на мали уметнички дела од фокачиа е нов тренд .
не само што е забавно, туку е и вкусно.
Ако не сте виделе како изгледа до сега, социјалните мрежи се полни со фотографии за инспирација.
Искористете ја оваа прилика и поиграјте си корисно со вашите мали деца.
Задоволството ќе биде обострано.
Фокација е италијански леб, пита, која е обликуван и печен во форма на правоаголник, и неопходна состојка е многу квалитетно маслиново масло.
Некои сакаат да го направат тоа многу тенко и крцкаво, додека други претпочитаат подебело и сунѓересто тесто.
Еве го мојот денешен предлог
Користев зеленчук, што ми беше при рака, што имав дома тоа.
Во вангличка ги ставаме квасецот, шеќерот, топлото млеко и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
потао додаваме сол, јајце, маслиново масло, кисела вода
промешуваме
Сега го додаваме брашното и замесувваме лепливо тесто.
Врз тестото ставаме лажица маслиново масло, го премачкуваме.
Го покриваме со проѕирна фолија и оставаме да се дуплира.
Потоа тавата каде ќе печиме тенко ја премачкуваме со маслиново масло и го ставаме тестото.
Ставаме 2-3 лажици маслиново масло и со прстите го распоредуваме тестото по тепсијата
Декорираме по желба со морков, кромид, маслинки, домат, власец., оригано..
Го ставаме плехот во загреана рерна и печиме околу 25 минути, да зарумени.
Сервираме топла фокација