Брз пудинг куглоф (без печење)
Состојки
- 2 банани
- 100 гр. односно 13 бисквити
- 750 мл. млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 100 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50 гр. чоколадо
- калап за куглоф со пречник од горната страна од 25 см.
- по потреба лимонов сок
Подготовка
1. Бананите ги сечкаме на кругчиња и ги распоредуваме на дното од кугловот. Во текот на редењето ги попрскуваме со лимонов сок.
2. Бисквитите ги редиме врз бананите скалесто.
3. Во тенџере го тураме млекото, шеќерите и пудингот ги мешаме првин на страна, а потоа ги ставаме во млекото и со жица мешаме цело време додека да се добие пудинг без грутчиња.
4. Готовиот пудинг го тргаме на страна, го додаваме чоколадото мешајќи да се стопи и веднаш додека е врела смесата ја истураме врз бисквитите.
5. Калапот го протресуваме да навлезе пудингот низ шуплините, ставаме стреч фолија и оставаме да се излади првин на собна температура а потоа во фрижидер.
6. Потоа по околу 2-3 часа десертот го превртуваме во чинија и служиме.
Забелешки
Поедноставно е ако овој десерт го подготвите на вечер, утрото веќе е готов.
Можете да користите и силиконски калап, пудинг со вкус по избор и бисквити по избор.
Ако користите ваков метален калап, наводенете го со ладна вода на почетокот на подготовката, а пред ставање на десертот во чинија протресете го калапот.
Бисквитите се убаво омекнати, и десертот убаво се сече.