Лимонада со жалфија
Состојки
- 15-20 листови свежа жалфија
- 1 лимон
- 1 портокал
- 1лажица мед
- 500мл флаширана вода
- коцки мраз по желба
Подготовка
За жалфијата се вели дека е најлековитата билка на светот.
Модерната наука докажала дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, кое смирува, освежува и закрепнува.
Предлог за уште еден безалкохолен, освежителен пијалок.
Во бокал ја налеваме водата и ги додаваме измиените листови свежа жалфија.
Оставаме во фрижидер да одстои 30-60 минути, за водата да се ароматизира.
Може и да се иситнат листовите во нутрибулет , за поинтензивен вкус.
Потоа ги цедиме лимонот и портокалот, ги додаваме кај водата.
Додаваме мед и коцки мраз по желба.