Испечати

Домашни пралини

Домашни пралини

Состојки

  • 400гр млечна чоколада
  • 1 шоља од 200мл мешавина од бисквити и лешници
  • 2-3 лажици мед
  • 1 лажица зејтин

Подготовка

Бисквитите и лешниците ќе ги измелите на појадро. Јас ги сомлев во сецкото.
Додадов 2 до 3 лажици мед, ќе ви покаже само колку треба за да смесата стане хомогена.
Ставете и една лажица зејтин. Внимателно соединете ги состојките. Имам слики додатно, па ќе видите како е постапката.
Додека сето ова го работите ставете нека се растопува чоколадата во еден сад на пареа.
Пишува млечна чоколада, но јас имав остатоци од повеќе чоколади, па си дзволив се да ставам внатре. Имаше и млечно имаше и 60 % какао.
Откако се растопи чоколадата ја распоредуваме во корпици за бомбици.
Ги полниме до средината, а потоа ставаме како фил од претходно изработената смеса.
Ги дополнуваме корпиците со растопената чоколада.
Јас како декорација ставив ленено семе кое искрено многу добро се вклопи.
Оставете ги кратко во фрижидер да се стегнат и служете.
Нека ви се на здравје.