Испечати

Палачинки со рендана тиквичка, сирење и магдонос

Палачинки со рендана тиквичка, сирење и магдонос

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 1 средна, млада тиквичка
  • 100мл млеко
  • 50мл кисела вода
  • 70гр бело сирење
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер
  • 1-2лажица сецкан, свеж магдонос
  • околу 150гр бело брашно
  • малку масло за пржење
  • кисела павлак по потреба
  • сланина, печеница...по потреба

Подготовка

Прекраснии, прекраснии пролетни палачинки е мојот предлог за денес.
Наместо бело сирење може да користите, фета, кашкавал......
А наместо магдонос може да користите свеж коријандер, перца од млад кромид, власец......
Јас ги завиткав како ролат и на тој начин се добиваат мали залачиња, односно може да бидат дел од коктел послужување.
Или може да се наредат една врз друга, а меѓу нив освен кисела павлака да се стави печеница, листови марула...
Значи ова е основниот и прекрасен рецепт, кој ви го препорачувам да го пробате, а понатаму користете ја вашата фантазија и желба за сервирање.

Начин на подготовка

Во вангличка се ставаат јајцата, солта, биберот.
Со жица ги соединуваме.
Додаваме дробено бело сирење, магдонос, кисела вода, млеко.
Ја додавме свежо ренданата тиквичка.
Соединуваме.
Додаваме брашно.
Количината ќе зависи од големината на тиквичката.
Нелеплива тава ја загреваме на умерен оган, кај мене од 1-9 пржев на 6.
Ставаме 2,3 капки масло, па ставаме еден кутлач од смесата.
Убаво со кружни движења на тавата ја распоредуваме смесата.
Пржиме од едната, па од другата страна да заруменат, скоро исто како и стандардни палачинки.
Ги оставаме испржените, пролетни палачинки да се оладат.
Сега ги премачкуваме со кисела павлака, ставаме парчиња сланина, печеница....што и не е задолжително.
Ги завиткуваме како ролат и ги оставаме на кратко во фрижидер.
Потоа цели, или пресечени на парчиња ги сервираме
На здравје убавинава